Ѓузелов во Аргумент плус: Пратениците во вакви ситуации треба да работат и вонредно а не само редовно
Политикологот Борјан Ѓузелов во Аргумент плус рече дека одлуката да се суспендира работата на парламентот е несреќна. Според него, треба да покажат проактивност и човечка но и политичка одговорност и да работат не само редовно туку и вонредно.
Несреќна одлука е да се суспендира работата на парламентот. Наместо да покажат проактивност и човечка и политичка одговорност и не само редновно да работат туку и вонредна работа да си дадат. Една од клучните улоги на Собранието е и надзорна. Парламентот има надлежности, пратениците имаат слобода да бидат проактивни и не само да има надзор туку и да предлагаат законодавни и законски решенија за тоа како да се подобри постоечкиот проблем на употреба на законите со цел да превенираме вакви катастрофи.Сами себе си ја потценуваат улогата. Основата на парламентаризмот е да се стават на мегдан сите несогалсувања и таму да се дискутираат, основата е тоа, основата е да ги повикаат на одговорност сите кои треба да имаат одговорност“, рече Ѓузелов.
Тој зборуваше и за тоа дека функционерите треба да гледаат на граѓанските иницијативи како легитимни партнери во целиот процес.
„Нешто што е колективно освестување е сега што не мора никој никому да каже корупцијата убива, имаме за жал емпириски докази за тоа. Постои голема недоверба во институциите која е оправдана. Сега сите носители на функции терба дупло да работат и да направат темелна и непристрасна истрага, понатаму во сите тие чекори значаен е граѓанскиот импут. Јавноста ќе биде будна и не само преку протести, еве и преку граѓански пршања до пратениицте, треба граѓаните, и верувам дека ќе бидат будни за да ова се истера на најнепристрасен и кавлитетен начин. Искустата се лоши, довербата е ниска, се заташкуваат случаи и помали, ако стварно сакаме да направиме рестарт на системот не гледам зошто ДМРО-ДПМНЕ, премиерот па и Министерот за внатрешни работи имаат параноичен став кон граѓанските движења. Тие треба да се нивни партнери во процесот на рестарт.
Владата има солиден легитимитет и во цел овој процес грѓанскиот активизам треба да бидат легитимни партнери. Сите ние како граѓани треба да учествуваме во процесот на колективно освестувања за нашата безбедност но и понатаму за владеењето на право“,додаде Ѓузелов.

