Утрински температури под нулата во цела држава
Foto

Утрински температури под нулата во цела држава

Температури под нулата утринава се измерени во целата држава. Најладно е во Маврово каде температурата во седум часот била -15 степени. Во Крушево и Лазарополе се измерени -14 степени, во Берово -13, во Пожаране и Ѓуриште -11, во Крива Паланка, Скопје-Петровец и Тополчани -9, во Тетово и Прилеп -8, во Птетор, Битола, Скопје на Зајчев Рид и Куманово -7, во Охрид, Штип и Виница -6, во Демир Капија -5, во Дојран и Струмица -4 и во Гевгелија -2 степена.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен северен и североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне од -1 до 6 степени.

Слично време и во Скопје сои максимална температура до три степени. За следниот период, синоптичарите најавуваат суво време, но со ниски утрински температури и со умерен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во благ, а од средината на наредната седмица и во позначителен пораст.

0 Коментари

Остави коментари