Утрински температури над нулата, најмногу снег на Попова Шапка
Foto

Утрински температури над нулата, најмногу снег на Попова Шапка

Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка – 2 степени, каде исто така има најмногу снег, 31 сантиметар. Температурите во другите делови од земјата се над нулата и тоа во Гевгелија, Струмица и Берово се измерени нула степени, во Скопје – Петровец еден, во Тетово два, во Крушево, Лазарополе и Маврово три степени, во Скопје-Зајчев Рид и Прилеп четири степени, во Куманово и Претор пет степени, во Битола шест, во Охрид седум, во Крива Паланка и Дојран девет, во Штип и Демир Капија десет степени.

Во текот на ноќта и утрово времето беше умерено до значително облачно. Само во западните делови облачност се намали. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Ветерот беше најинтензивен во Штипско.

Времето денеска претежно облачно, од пладневните часови на запад, а потоа и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови ќе има повремен дожд

проследен со умерен до краткотрајно засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

0 Коментари

Остави коментари