Утринска магла по котлините
Foto

Утринска магла по котлините

Во поголем дел од државата утринава е ведро со слаб ветер од променлив правец. Во западните и северните делови има умерена до значителна облачност, а по котлините и слаба магла. Магла со намалена видливост има во делови од Полошката и Скопската котлина и во Демир Капија.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утринава најстудено е во Берово и Лазарополе каде се измеренеи -2 степена, а во Петровец кај Скопје и во Тетово -1 степен. Во останатите градови утринските температури се над нулата.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 11 до 19 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 13 степени.

0 Коментари

Остави коментари