Утрешните избори во Турција, најголемиот политички предизвик за Ердоган
Турција утре гласа на претседателски и парлементарни избори. Аналитичарите предвидуваат рекорден одзив на гласачи и тесна трка помеѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и Кемал Киличдароглу, лидерот на Републиканската народна партија и кандидат на коалицијата која собира шест опозициски партии. За претседателската фотелја ќе се бори и Синан Оган.
Изборите ќе одлучат, не само кој ќе ја води Турција, туку и како ќе се управува, како ќе се насочува економијата и како ќе се обликува надворешната политика.
Ердоган е лидерот кој најдолго владеел со модерната Турција, која е и членка на НАТО. Тој се залага за побожен живот, ниски каматни стапки, зајакнување на влијанието на Турција во регионот и во моментот има заострени врски со Западот.
Изборите се одржуваат три месеци по земјотресот во југоисточна Турција каде загинаа повеќе од 50.000 луѓе. Право на глас имаат повеќе од 64 милиони луѓе. Дури 5 милиони млади луѓе сега прв пат ќе излезат на гласање.
Главниот ривал на Ердоган е Кемал Киличдаролу (74), лидер на секуларистичката Републиканска народна партија (ЦХП), кој е поддржан од коалиција од шест опозициски партии.
Доби популарност и поради високата инфлација во земјата и последиците од земјотресот. Последните анкети покажаа дека Киричдаролу ќе победи во двата круга на изборите, додека во првиот круг в недела би можел да освои дури 49 отсто од гласовите.
Синоќа, Ердоган изјавил дека ќе го прифати резултатот од изборите и ќе се повлече од фунцкијата доколку загуби, пренесуваат труските медиуми. Истакнал и дека неговиот блок ќе ги почитува резулатите што доаѓаат од гласачките кутии, но и изразил оптимизиам дека ќе биде реизбран за уште еден мандат, како и дека ќе обезбеди парламентрано мнозинство. Некои аналитичари велат дека ако Ердоган ги загуби гласовите со мала разлика, тоа му отвора можност да ги оспори резултатите.