Утре завршува вакцинацијата на приоритетните групи, почнува вакцинација според возраста

Продолжува вакцинацијата на населението. Денеска и утре се одвива имунизацијата на приоритентните групи а веќе од среда продолжума вакцинацијата според возрасната група.

Од министерството за здравство ги повикаа граѓаните да се пријават на сајтот за вакцинација и на тој начин бидат регрутирани. Министерот венко филипче вели и дека матичните лекари имаат обврска да ги анкетираат своите пациенти, посебно оние постарите.

„Останатиот дел од 20.000 вакцини Спутник В ќе бидат  распределени по возрасни групи онака, како што сега се одвива вакцинацијата од почеток со  вакцината на Астра Зенека по вакицналните пунктови. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува со возрасните категории граѓани, како ќе доаѓаат понатаму вакцини ќе се надополнуваат двата системи - приоритетно за постарите граѓани и продолжување на делот на критичната инфраструктура.“ - изјави Филипче.

И додека се уште се чека на масована имунизација во македонија, во светот се води дебата за тоа дали за секој нов сој на коронавирусот ќе биде потребна нова вакцина. Истражување спроведено во Израел покажува дека јужноафриканскиот вид на вирусорт може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината против ковид 19 на „Фајзер и Бионтек“. Во моментов, се утврдува каква е реакцијата на вакцината на „Астра Зенека“ на јужноафриканскиот сој.

Неколку британски научници, предупредуваат дека доколку јужноафриканскиот вид стане доминантен во земјата, државата ќе нема одговор и ќе мора да се врати на почеток. Според нив, јужноафриканската варијанта на коронавирусот ја намалува ефикасноста на вакцината за околу 50 проценти. Исто така, овој сој може да биде до 60 отсто позаразен од првичната верзија на вирусот.

И видот кој прв пат беше регистриран во бразил, исто така се шири брзо низ светот. Според последните истражувања со него може да се заразат и они кои веќе прележале корона вирус.