Утре во Лондон состанокот на лидерите на НАТО
Foto

Утре во Лондон состанокот на лидерите на НАТО

Утре во Лондон ќе се одржи дводневниот состанок на лидерите на НАТО со кој се одбележува 70 годишнината од постоењето на Алијансата.

Македонската делегација ќе ја води премиерот Зоран Заев. Централно место во програмата е состанокот на северноатлантскиот совет на шефовите на држави во среда на 4 декември, на кој ќе учествува и премиерот Заев, со што Македонија ќе биде претставена на највисоко ниво во работата на телата на Алијансата, откако во февруари оваа година беше потпишан протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата што досега го ратификуваа 28 членки на НАТО.



0 Коментари

Остави коментари