Утре во Бугарија седми по ред парламентарни избори
Бугарите утре ќе излезат на гласање на седмите предвремени избори во последните четири години, во време кога политичките партии во земјата се борат да формираат стабилна коалиција.
Бугарија, најсиромашната членка на Европската Унија и една од нејзините најкорумпирани држави, не може да формира стабилна влада по протестите во 2020 година, кои помогнаа да се собори коалицијата предводена од централно-десничарската партија ГЕРБ.
Последните анкети покажуваат дека нема јасен победник и дека нема очигледни опции за формирање стабилна коалиција.