Утре стигнува првата пратка вакцини од Србија во Македонија
Foto

Утре стигнува првата пратка вакцини од Србија во Македонија

Министерството за здравство пушти нефункционална веб страница за пријавување за вакцинација против КОВИД. Голем број на граѓани се жалат дека воопшто не успеале да пристапат до апликацијата. 

ТВ 24 се обиде да ја провери функционалноста. Првиот обид беше неуспешен, сајтот воопшто не се отвори. При вториот обид пак системот не стави на „недефинирано“ чекање. 

Откако конечно успеавме да влеземе, првите податоци кои се бараат се името и презимето и матичниот број. Потоа се бара мобилен телефон за контакт, а под него има линк со кој граѓанинот ќе добие безбедносен код за да може да ја заврши апликацијата.

Но, и речиси три часа чекање безбедносен код не стигна, што значи дека аплицирањето е безуспешно. 

Од Министерството за здравство попладнево потврдија дека не се направени сите технички прилагодувања за целосна функција на сајтот. 

- Во моментов се прават последните технички прилагодувања на веб-страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријавуваат со изразување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19. Штом се овозможи целосна функција на веб-страницата, ќе информираме повторно. - велат од Министерство за здравство.

На сајтот  може да се пријави секој граѓанин што сака да се вакцинира, што значи системот ќе ги прими податоците дури и за помладите кои немаат хронични болести, а кои изразуваат волја за вакцинација, но ќе ги генерира прво граѓаните кои се приоритетни.

Со пополнување на електронската форма се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин. Нема потреба дополнително да го барате или информирате дека сте се регистрирале. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, вашиот матичен лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата.

Дел од матичните лекари пак реагираат што треба телефонски да ги контактираат граѓаните. 

-  Матичен лекар „Матичните доктори цело време се на телефон, има опасност да има пропусти и недостиг на добра дијагноза. Нашиот став е да се остават матичните доктори да си ја работат својата работа, ниту ние, ниту медицинските сестри не сме телефонски секретарки. МЗ да ги упати критериумите, одредени институции треба да испратат допис со подробностите. Официјално никој не не контактирал, Мој термин има добра база на податоци, апелирам и ќе замолам оваа апликација (за вакцинација) да се стави во пунтовите за вакцинација за ние да може да продолжиме да си ја вршиме својата работа.“ - вели Д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Според податоците на Мој термин со првите вакцини што ќе пристигнат во земјава приоритет за вакцинација ќе имаат 4 000 здравствени работници, како и лицата кои што се над 70 години, а кои спаѓаат во категоријата на граѓани со највисок ризик за компликации и смртен исход од вирусот. Вакцинацијата против КОВИД е доброволна.

0 Коментари

Остави коментари