Утре стартува учебната година
Нема причина учебната година да не започне утре, изјави министерката Царовска, притоа повика на смиреност, трпеливост и исклучување на секој непотребен стрес, од страна на сите субјекти вклучени во овој процес.
Одговорност за проблемите со платформата и начинот на одвивање на наставата според неа не треба да се бара, бидејќи потешкотии ќе има, но тие во 'од ќе се надминуваат, најважно е да има континуитет во наставата.
„И покрај техничките процеси кои се случија како тестирање, сепак можеме да очекуваме дека утре учебната година ќе започне и за оние со онлајн. Јас посетив и дел од училиштата, наставниците се ентузијасти, директорите посветено работеле, во некои условите се подобри во некои полоши, но секкао стартуваат со сите предизвици што ги имаат ќе стартуваат и со онлајн учење.“ - изјави Царовска.
Царовска повтори дека е невозможно за краток временски период да се обезбедат компјутери за оние ученици кои во моментот немаат , според неа во овој момент не може да се зборува за субвенции за купените компјутери.
„Тие се веке купени, ретроактивност во субвенционирањето немаме, тоа што го гледаме е дека дел од учениците набавуваат тие што немаат можност им наоѓаме начин како да следат настава, а тоа е ТВ, достава на материјали и настава со физичко присуство во училница.“ - изјави Царовска.
Од Сојузот на средношколци истакнаа дека образованието треба да биде достапно и бесплатно за сите, побараа од образовните власти на сите ученици да им се обезбедат сретства за настава од далечина. Средношколците од утре започнуваат со онлајн настава, но најавија и можност за бојкот на наставата.
„Направивме компромис, почитувајќи ги епидемиолозите, учебната година да започне од далечина, односно од дома, но доколку епидемиолошката состојба во месец октомври биде стабилна, тогаш, учениците треба постепено, да се враќаат во училиште, со комбиниран модел,во случај тоа да не се случи, секој ученик ќе ја бојкотира наставата, во ноември. Ова не треба да се сфати ккао компромис, туку како ултиматум до Царовска и Филиче.“ - вели Бленди Ходаи.
Според Министерката Царовска, доколку епидемиолошката соотојба се смири и епидемиолозите дадат зелено светло, нема зашто вратите на училиштата да не се отворат за учениците.