Утре средба Маричиќ - Муцунски да се договорат како ќе се договараат за Законот за ЈО
Foto

Утре средба Маричиќ - Муцунски да се договорат како ќе се договараат за Законот за ЈО

Бојан Маричиќ и Тимчо Мицунски утре на средба за Законот за ЈО, ќе ја договараат динамиката на преговорите, потврдуваат за ТВ 24 од двете партии. 

Од СДСМ велат дека тие биле подготвени за средба уште денеска, но од ВМРО-ДПМНЕ им кажале дека се уште траат експертските анализи на декемвриската верзија на Законот за ЈО, што Министерството за правда им ја прати минатата недела. 

Од власта велат дека тимот на Христијан Мицкоски им најавил дека в среда ќе им испратат и конкретни позиции и амандмани на писмено во вид на амандмани како што им побарале од власта. 

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека експертскиот тим сериозно работи на предлогот од власта, кој што го добиле за првпат во четвртокот и дека нивните забелешки ќе бидат прецизни и конкретни. 

ТВ 24 пред еден месец ја објави драфт верзијата за предлогот-закон, со кој сите надлежности на СЈО одат во рацете на Вилма Русковска и Обвинителството за организиран криминал.

0 Коментари

Остави коментари