Утре средба Ковачевски - Мицкоски

Утре во 15 часот во клубот на пратениците средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски Од ВМРО ДПМНЕ за ТВ 24 потврдуваат дека Мицкоски ја прифатил поканата .

"По барање на Ковачевски, утре попладне ќе има средба меѓу него и претседателот на ВМРО ДПМНЕ", велат од партијата на Мицкоски.

На маса е последниот предлог на официјален Париз за кој власѕа тврфи дека ги заштитува националните интереси, а опозицијата тврди дека е национално предавство и бугаризација наместо европеизација.

Мицкоски денеска го поддржа и учествуваше на протестот пред Владата под мотото „Ултиматум – Не, благодарам“.

 

-  Јас не сакам да бидам во Европа затоа што имам право да бидам Македонец, кој говори на македонски јазик и кој се бори за својата Македонија, за својот идентитет, за својата култура, за својата историја и за своето наследство, рече Мицкоски.