Утре прв економско-социјален совет
После три месеци од новата влада министерот за економија Бесар Дурмиши реши да ги чуе барањата на работниците и стопанствениците. Но, според информациите средбата ќе биде повеќе од формален карактер отколку суштинска. Наместо веднаш да ги чуе барањата на приватниот сектор и работниците, властите решија прво да ги средат протиколарните промени.
„Ќе биде потпишана Спогодбата за изменување на Спогодбата за основање на Економско- социјален совет. По потпишувањето ќе следи првата, конститутивна седница на Економско- социјалниот совет.“ - Министерство за Економија и труд.
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов вели дека утре на економско социјалниот совет главно барање ќе биде покачувањето на платите во Македонија, како и барање за исплата за додаток на храна на работниците, превоз за нив како и прашања врз основа на синдикалната минимална кошничка.
„Главниот начин на кои ќе настапиме е барањето за потребата од раст на платите од Македонија не само растот на минималната плата. Очекувањата е да се случат спогодбите и анексите на кои колективите договори во јавниот сектор, кои ќе значат примена на новата методологија на плати во јавниот сектор од март 2025 година а тоа е просечна плата по коефициент на сложеност и тоа ќе значи зголемување на платите помеѓу 12 и 15 проценти на сите вработени во јавниот сектор. И се разбира дека другото барање ќе биде насочено кон претставниците на работодавачите во приватниот сектор и тоа ќе биде барањето за потпишувањето на општиот колективен договор за вработениот во приватниот сектор“
Стопанствениците утре на економско социјалниот совет ќе искочат со серија барања. Тие бараат минималната плата да го следи растот на продуктивноста и да е усогласена со европската диретива за минимална плата, намалување на неработните денови согласно законот за празници и недела да биде работен ден. Донесување на нов Закон за работни односи и поедностанување на процедурата за вработување на странци. - Слободан Трендафилов ССМ.
Организација на работодавачи
Барања на Организација на работодавачи:
„-ТИР зоните да добиваат само даночни олеснувања само ако вработуваат долгорочно невработени од АВРМ.
- Можност да се вработуваат пензиониери за кои би се плаќало само персонален данок.
- Дипломираните студенти од државните универзитети да имаат обрска да работат мин. 5 години во државата (во приватниот/јавниот сектор).
- Реформите во образованието кои се потребни да ги „спречат“ фиктивните дипломи без знаење и да го зголеми нивото на знаење.“
Според законскотот решение, минималната плата најдоцна треба да се зголеми на почетокот на март идната година.