Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Во Скопје утре ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим со почеток од 15.00 часот, поради одржување на велосипедска трка  „Куп на град Скопје 2023“. 

Трасата на движење, информираа од МВР, ќе започне на ул.„Димитрије Чуповски“ кај „Порта Македонија“, право по ул.„11 Октомври“ кон зградата на Собрание на Република Северна Македонија до крстосницата со ул.„Филип Втори Македонски“, па лево по ул.„Филип Втори Македонски“ до влезот на Градскиот трговски центар, потоа се поминува под Градскиот трговски центар и се доаѓа до „Порта Македонија“, каде се продолжува право по ул.„Димитрие Чуповски“ сѐ до крстосницата со ул.„Даме Груев“ кај ТЦ„Палома Бјанка“ и назад по ул.„Димитрие Чуповски“ сѐ до стартно/целната позиција.

- Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува кон околните сообраќајници. MВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката, соопштија од МВР.