Утре почнува изборната кампања за Локалните избори 2021
Foto

Утре почнува изборната кампања за Локалните избори 2021

Изборната кампања за Локалите избори 2021 закажани за 17 октомври ќе почне утре (27 септември) и ќе трае 20 дена пред денот на изборите. Учесниците на изборите, политичките партии и независните кандидати веќе го најавија почетокот на кампањата, како и активностите што ќе следуваат. Најголем дел од кандидатите за градоначалници и советници веќе имаа неформални средби со граѓаните и претставување на своите програми на социјални мрежи. Кампањата завршува на 15 октомври на полноќ.

Вториот круг избори ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври.

0 Коментари

Остави коментари