Утре Пендаровски свикува седница на Советот за безбедност, на маса францускиот предлог

утре напладне во кабинетот на претседателот Стево Пенадровски ќе се одржи седница на советот за безбедност. На дневен ред ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.

На седницата, покрај членовите на советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на владата за европски прашања, Бојан Маричиќ. И додека шефот на државата ќе се координира со советот, ставот на неговиот предходник е „не“ за францускиот предлог.

„Со вакво „решение” република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез. Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас.“ - напиша Иванов на својот фејсбук профил.