Утре нови цени на горивата
Foto

Утре нови цени на горивата

Утре Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на бензините. Пред две недели цените на горивата се зголемија.

Малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2,5 денари и сега изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапе за три денари и чини 70,5 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за половина денар и изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 33,375 денари.

 

0 Коментари

Остави коментари