Утре нови блокади на ССМ, се бараат повисоки плати
Утре ССМ ќе ја блокира Владата. Сè уште се прават глуви и слепи на иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари, а пратениците дополнително се прават глуви и слепи и за последната иницијатива на Сојузот на синдикатите на Македонија за намалување на нивните плати за 80%, на начин што ќе си ја намалат основицата за пресметка на платите од просечна плата на минимална плата, па така да дојдат и тие на минималец и потоа да добијат право да зборуваат колку е добро со минимална плата да се живее во Македонија.
Исто така, иницијативата на ССМ налага да си ги намалат и нивните коефициенти на сложеност, а особено треба да се има предвид дека ваквата иницијатива е темелена врз основа на Уставот, како и врз основа на законите.

