Утре истекува рокот за поднесување на понуди до ЕВН Хоме

Утре ќе се знае по која цена државни електрани ќе ја продаваат произведената струја на ЕВН кога истекува рокот за поднесување на понуди до Универзалниот снабдувач.

Се чека конечната одлука од Влада. Од ЕСМ велат пресметки и предлози во однос на цената и количините се допставени на Илинденска број 2, каде се прават последните пресметки. Во државни електрани оптимисти, за граѓаните и малите потрошувачи ќе бидат покриени 100% од потребите.

„АД ЕСМ го зголеми планот за производство на електрична енергија за 2022г. за 20% од производството во 2021г. Конзумот на ЕВН Хоме е зголемен за 27% , поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар (деловни субјекти, општини, јавно осветлување.“ - велат од АД ЕСМ.

Отимисти и од Владата, државни електрани ќе произведат доволно количини, струја ќе има за цела зима. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за ТВ24 вели рестрикции засега не се во план.

Kаква ќе биде цената за домаќинствта најмногу ќе зависи каква цена ќе понуди ЕСМ. Заега ниту надлежните ниту експертите не сакаат да шпекулираат со бројки. Пораншениот директор на РЕК Битола Спиро Мавровски за ТВ24 повторува државата да им помогне на најранливите категории на граѓани.

Претходно МЕПСО од регулаторна побара зголемување на преносната тарифа за 68 проценти, а само електродистрибуција, како што соопшти првиот човек на регуалторна барала 80 % зголемување на цената за својата услуга. Се поизвесно е дека граѓаните ги очекува ново поскпаување на струјата, а со новата цена доаѓа и новиот тарифник на кои и натаму се работи.