Утре интерпелација на вицепремерот за европски прашања Димитров
Опозицијата утре ќе бара интерпелација на вицепремиерот за европски прашања Димитров. Власта ќе ги брани аргументите зошто не треба истата да биде изгласана. Партиите и денеска во предворието на утрешниот ден веќе ги изнесоа своите аргументи за и против.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски пак и денеска порача дека покрај оваа ги очекуваат на дневен ред да се најдат и интерпелациите на министрите за борба против корупција Николовски и на министерот за правда Маричиќ.
Од владејачката СДСМ пак и денеска велат дека не спорно е правото на опозицијата да бара интерпелација но очекуваат издржани аргументи иако како што велат од парламентарното мнозинство не се сигурни дека опозицијата ги има.
Согласно деловникот расправата и гласањето треба да завршат најдоцна до полноќ, а пратениците од говорницата да ги изнесат сите аргументи.
Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека веќе ги поднеле интерпелациите и за Николовски и Маричиќ и очекуваат што поскоро да се најдат на дневен ред на некоја од наредните седници.