Утре е крајниот рок за министерството за финансии да им го достави писмото до банките за условите за кредитот за брзата пруга
Најдоцна до утре Министерството за финансии треба да испрати писма до банките, кои треба да ги достават понудите за финансирање на проектот Брза пруга од коридорот 10 - како дел од британското партнерство.
Првиот човек на финансии Димитриевска-Кочовска, вели дека краен рок кога банките треба да достават понуди не се знае.
Како првичен датум 30 јуни. Но, во зависнот од бројот на банките и нивните евентуални дополнителни барања за информации, рокот може да се продолжи, дополни министерката
Изјава Гордана Димитриевска Кочовска Министерка за финансии
И додека владата чека понуди од банките за изградба на брзата пруга, од Министерството за транспорт и врски за ТВ 24 - велат дека се уште работаат на разработка на физибилите студија за овој проект.
Телоп Министерство за транспорт и врски
„Ова е приоритетен проект стратешки за државата и владата е целосно посветена на брза реализација на истиот. Исто така владата веќе формира координативно тело кое работи на реализација на договорот со Обединетото кралство . Во однос на проектот принципот на градба на биде зазеднички согласно ФИДИК правилата., инфоррмираа од Министерството за транспорт и врски.
Брзата пруга е само дел од проектите кои ќе треба да се финансираат преку кредидот. Со здравствениот проект за болници, Медицинскиот факултет, како и проекти во секторите за енергетика и животна средина, Македонија ќе се задолжи за 6 милијарди евра.
Но, Кочовска вели дека владата нема да дозволи преку британското партнерство драстично да се зголеми задолжувањето.
Со јавен долг од над 60 % немаме простор за комоција.
Гордана Кочовска Димитриевска
Во меѓувреме јавниот долг расте со проектот со „Бехтел и Енка“ преку кој се задолжи државата за 1,3 милијарди евра за изградба на автопатски делници.