Утре денот „Д“ за македонското небо - за Ахмети адут соопштението на Кривичен, Петровска на став - треба разрешување

Ќе добие ли утре „македонското небо“ нови директори во раководтството на М-НАВ по инцидентотво Контролата на летање? Од Синдикатот на М-НАВ веќе ги пратиле писмата со најава за штрајк и затвопрања на небото кои ќе се активираат ако не биде разрешено раковоидството на М-НАВ.

И додека од Владата на Ковачевски најавува дека нема поместување од најавата за рарзешувањењ , неговиот коалицикси партнер Ахемти и неговите министри се подготвуваат за дебата. Инфорамција дали деновиве од инцидентот до утрешната седница имало комусникација меѓу премиерот и лидерот на ДУИ. Од Мала Речица за тв 24 велат имаат свои аргуемнти.

„Ќе дебатираме. Можеби Владата има посилни аргументи од судот.“ - велат од ДУИ.

Ресорниот министер Благој Бочварски и денеска не одговори на телефонските повици околу неговиот став за инцидентот , но и идеиите за во иднина. Министерката за одбрана пак Славјанка Петровска вели дека не верува дека било кој член во Владата има силни аргументи да се спротистави на разрешувањето на директорите во М-НАВ.

„Јас очекувам утре на седница на Влада како што најави премиерот и во владиното соопштение да се стави точката за разрешување на раководството на М-НАВ заради случувата во таа институција изминатиот период во таа институција. После се што изминатиов период видовме околу случувањата во оваа институција не верувам дека било кој ќе има силни аргументи да се спротистави на предлогот за разрешување. - вели министерката.“ - вели министерката за одбрана Славјанка Петровска.

И додека утре се чека политичка разрешница и политичка одговорност за директорите, обвинителството чека одлука по жалбата за недоделување притвор на 4-цата осомничени, меѓу кои и првиот човек на чарскиот огранок на ДУИ Беким Незири. Одбраната на дел од осомничените во случајот со М-НАВ се пвикува на соопштението на кривичен дека ОЈО не обезбедило доволно докази.

„Јас сметам, и сум сигурен дека ова дело за кое шпто во овој момент се сомничат нема да опстане, ниту може да опстане од причина што не само што не е поставено како што треба ова кривично дело туку ниту го сториле, ниту има докази во таа насока како што Јавното обвинителство сака да го претстави.“- вели, Асмир Алиспахиќ адвокат на еден од осомничените во случајот со М-НАВ

Од Платформата на граѓански организации против корупцијата бара институциите на системот, во целост да ги расветлат деталите околу насилниот инцидент во М-НАВ.

„Платформата бара одлучна реакција на полицијата и јавното обвинителство за да се утврди кривична одговорност и овозможи заштита на оние кои пријавуваат, а од Владата како основач на М-НАВ да утврди морална и политичка одговорност кај оние што се вклучени.“- велат од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата

За уапдот во М-Нав се осомничлени 8 лица, откои 4 ца се во бегство. Директорот Фахрудин Хамиди рече дека нема да си поднесат оставка и дека ќе чека Владата да донесе одлука, а во упадот не виде наислство, туку како што рече кошкање меѓу колеги.