Утре бугарскиот амбасадор во земјава ќе биде повикан на разговор во МНР по срамниот дипломатски чин во Софија

Министерот Муцунски утре ќе го повика бугарскиот амбасадор во земјава Желјазко Радуков и ќе бара да му објасни зошто изостана македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Силјановска Давкова со својот бугарски колега Румен Радев во Софија.

Ова доаѓа откако вчера од кабинетот на Силјановска Давкова најавија дека ќе бараат објаснување од Бугарија, изразувајќи надеж дека се работи само за протоколарен превид. Во меѓувреме, не стивнуваат партиските реакциите за овој дипломатски пропуст. Од СДСМ обвинија дека со посетата на Бугарија, власт аја загрозила македонската самобитност.

Вратија од ВМРО ДПМНЕ - освен Халеевата комета, константни се единствено предавствата на СДС.

„Додека СДС беше на власт, видовме како се преговараше зад затворени врати, како се менуваше името на државата без вистинска консултација со народот, и како се промовираа политики што ги понижуваа нашите национални интереси. Тие продадоа сè што можеше да се продаде и сега, од опозиција, лицемерно критикуваат и напаѓаат. Не се потребни лекции од партија која кога беше на власт ја воведе државата во безброј дипломатски кризи и меѓународни понижувања.“

Од друга страна, аналитичарите и даваат многу поголема важност на содржината на средбата, отколку на протоколарните пропусти.

Коментирајќи ја посетата на Силјановска Давкова на Софија, бугарскиот копретседател на историската комисија Ангел Димитров, македонските политичари од власта ги нарече „политички дебитанти кои си замислиле дека можат да ѝ наметнуваат правила на ЕУ“.

Во меѓувреме, на фејсбук стрницата на македoнското министерство за култура и туризам е објавена фотографија од средбата на министерот Зоран Љутков со неговиот бугарски колега Најден Тодоров, на која, исто така, недостига македонското знаме.