Утре блокада од иницијативата “Стоп за Усје“
Скопје во изминатите неколку денови повторно беше еден од најзагадените градови во Европа. Смогот и миризбата и оваа зима ги труе жителите на главниот град.
Граѓаните, револтирани пред камерата на Телевизија 24 велат дека загадениот воздух им пречи и потребно е да се преземат сериозни чекори за решавање на овој децениски проблем. Дел од нив сметаат дека глвен загадувач е цементара Усје и бараат нејзина дислокација додека останатите пак велат дека има и поголеми загадувачи од Усје.
- Јас сум 81 година човек и досега вакво загадување немало. Порано кога ќе дувнеше низ Вардар ветерот го чистеше воздухот сега со ова урбанизирање на градот се затвори протокот. Зборуваме за загденоста од Цементара, па Цементара била и порано па да се дисолоцира на друго место апсурдно е тоа.
- Ова е ужас. Ужас. За се е виновна урбаната мафија бидеќи направија премногу згради. Треба провев Скопје е котилина а околу се планини. Сега ќе има протест за Усје, сметате ли дека треба да се дислоцира Усје? Треба. Треба, затоа што кужите ги оштетуваат од минирањето. Планината не може да се дислоцира но мора нештои да се преземе.
- Со затворени прозори внатре веќе се чувствува, не знам како но се чувствува. Сметате ли дека треба да се дислоцира цементарница усје, еве утре повторно ќе има протести? Секако треба да се направи нешто бидејќи тој загаден воздух влегува во плуќите на сите.
Од Иницијативата „Стоп за Усје” најавуваат повторни блокади пред Цементарата. Според нив, еден од најголемите загадувачи е токму Усје. Дел од нивните барања се континуирани мерења на квалитетот на воздухот од страната на мерната станица поставена од Општина Кисела Вода кај Усје и јавно објавување на резултатите, казни доколку биде забележано надминување на дозволениот праг а при надминување на граничните вредности на загадување, автоматски да стапува на сила мерка за целосен стоп на работата на Усје, вклучително и рудниците.
Александар Тодевски „Стоп за Усје“
Од „Титан УСЈЕ“ пак велат дека обвинувањата на оваа иницијатива се неосновани, без аргументи и пристрасни кон нивната компанија. Тие негираат дека се загадувачи на воздухот во Скопје.
Цементара Усје
- Како конструктивен дел на заедницата, ТИТАН Усје целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот во Скопје, но смета дека нападите кон нејзиното работење, кои не се темелат на аргументи и податоци, се некоректни и тенденциозни, и воедно не придонесуваат за изнаоѓање на вистински одржливи решенија за ваквата состојба. Во интерес на вистината би сакале повторно да ги истакнеме фактите дека ТИТАН Усје целосно ја почитува законската регулатива во сите области од своето работење, ги применува светските добри практики во производство на цемент и на јасен и транспарентен начин комуницира со сите засегнати страни.
Од иницијативата „Стоп за Усје“ најавија протест утре, од 18 часот на раскрсницата пред цементара Усје.

