Утковски: Груби е донесен во затворот „Шутка“ и е сместен во притворско одделение
Откако утрово на граничниот премин „Блаце“ беше приведен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, тој е однесен во истражниот затвор Шутка, откако во отсуство му беше одреден 30-дневен притвор.
Се товари за кривично дело „проневера во службата“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени дека нарачале апарати и проневериле околу осум милиони евра државни пари.
Груби во 2024-та година ја напушти Македонија, а за него беше распишана меѓународна потерница. САД го стави Груби и на „црната листа.

