Усвоен извештајот од работната посета на апелација на седница на Судски совет
Вонредната контрола на тричлената работна група од Судскиот совет утврдила дека предметот Таргет Тврдина Апелација неоправдано го чувала безмалку 9 месеци.
На тој начин се создадаени услови за застарување на предметот каде првообвинет е Сашо Мијалков
Судскиот совет забележал неоправдано одолговлекување на уште три случаи, транспортер, Алфа и Трезор. Случајот Транспортер три години седел во фиока во Апелација додека во случајот Трезор на судијата му биле потребни 5 месеци писмено да ја напише пресудата. За случајот Алфи судијата ги одложил сите закажани 4 седници, бидејќи пресудата за предметот била нецелосна.
На крајот од оваа седница произлегува заклучокот дека судиите Енвер Беџети и Лирије Елези намерно ги чувале предметите на Мијалков кај себе со месеци, со што ќе се утврдува дали го повредиле законот, заклучи Судскиот совет.