Уставните судии ќе расправаат за иницијативата за застарување на делата за злоупотреба на службена должност
Уставните судии ќе расправаат за иницијативата за застарување на делата за злоупотреба на службена должност на некоја од наредните седници. На денешниот стручен колегиум се разгледувал оформениот предмет. Од Уставниот суд информираа дека сите судии ги изнеле своите размислувања, но одлука ќе се донесе дополнително.
Иницијативата за оценување на уставноста на став 5 од член 353 за злоупотреба на службената положба е поднесена од адвокатот Еленко Миланов, кој брани неколку поранешни функционери во случаи што ги водеше СЈО.