Уставниот суд поведе постапка за контроверзните измени на Кривичниот законик

Уставниот суд попладнево донесе одлука за поведување на постапка  за измените на Кривичниот законик преку кој беа намалени казни, а со тоа амнестирани функционери. Но пред да ги укине или поништи законските измени – судот ќе прати извештај до Законодавниот дом да интервенира и да ги смени спорните одредби. 

Првиот човек на уставен Дарко Костадиновски вели - дека во услови која постои корупција и злоупотреби, Собранието мора да води грижа пред да ја носи казнената политика. 

На седницата сите се согласија дека новиот закон е штетен, но дел од нив со дилеми дали Уставниот суд е воопшто надлежен да расправа 

Судиите Данева и Кадриу најжестоки кон измените на законот – кој со намалени казни ги ослободи јавните функционери од одговорност. И двајцата сметаат дека законот треба да биде прогласен за ништовен 

Ако законот е штетен како може да биде уставен. 

Наместо министер , предлог законот го поднесе заменик министер. Законот се донесе за два дена со европско знаменце, рече судијата Осман Кадриу. 

Ние никако не може да тврдиме дека Уставниот суд не е надлежен да цени за постапка на донесување на Закон во Собранието, бидејќи самата таа постапка е формална уставност на еден закон, рече Ана Павлова Данева

Добрила Кацарска пак образложи дека Уставниот суд не е тој кој треба да каже какви треба да бидат казните, 

Добрила Кацарска: „ Во однос на наводите дека е направена ненадоместлива штета вината не треба да ја бараме кај пратениците, туку, вината е кај судиите кои дозволуваа постапките да траат пет-шест години.

Со измените на Кривичниот закон од одговорност се спасија од  повеќе јавни функционери од ВМРО ДПМНЕ. Казните се намалија, па практично голем дел од нивните дела застареа. Се прекина кривичното гонење на пратеникот Игор Јанушев за кинеските автобуси, на Сашо Мијалков за „Тврдина-Таргет”. А Миле Јанакиески се ослободи од случајот „Топлик” и „ТНТ”. 

Од вина беше ослободен и Никола Груевски од 9 години затвор за предметот „ТНТ“ каде поради политичка одмазда започна да се урива комплекс „Космос.