Уставниот суд ја отфрли иницијативата на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. 

Судот не нашол повреда на незаконитоста и уставноста на постапката за донесувањето на оспорената одлука за ДУП. Според планот се предвидуваат триесет згради од кружниот тек кај Порта Влае кон гаражите на ЈСП или на границата на Општина Ѓорче Петров со Општина Карпош. Од Уставниот суд велат дека не се докажа дека со одлуката е направена повреда на статутот Општина Ѓорче Петров, на Законот за локална самоуправа, на Законот на Град Скопје, на Законот за просторно и урбанистичко планирање, како и на членот 52 од Уставот.