Уставниот суд без потребното мнозинство за иницијативата на Левица за Изборниот законик
Иако се најде на дневен ред на седница пред уставните судии иницијативата на Левица за оценување на уставноста на делови од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање сепак одлуката и гласањето ќе почека за некоја наредна седница поради тоа што судот немаше мнозинство за да одлучува . Сепак за време на дискусијата дел од уставните судии ги изнесоа своите гледишта откако претходно судијата известител предложи да биде поведена постапка и да се оценуваат одредбите од Изборниот законик но со сериозно внимание .
Точката ги подели мислењата и на судиите. Дел сметаа дека судот не е тој кој треба да одлучува за оваа иницијатива бидејќи уште во 2023 та била донесена одлука за ваквите членови а други пак сметаа дека политичката реалност во земјата е доста променета и не им се дава еднаков третман на сите поилитички чинители .
Пратеникот од Лавица Амар Мециновиќ пак во изјавата која ја даде за медиумите пред уставниот суд рече дека токму ова го става на тест самиот суд кој не смее да зазема никаква страна со цел да не ја легализира политичката цензура.
Иако токму делот околу финансирањето на политичките партии беше еден од оние каде политичките партии постигнаа некакви приближувања во самите преговори за изборниот законик сепак Левица и натаму сметаат дека платеното политичко рекламирање создава сериозен јазол и дискриминација помеѓу помалите наспроти поголемите политички партии а со тоа се нарушува правото на еднаквост во смаото учество на кампањите .

