Уставни измени - во петок средба на министерот за правда со претседателот Пендаровски
Додека Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски барем во медиумите си ги пребрјуваат пратениците кои би гласале или не за уставни измени, миниситерот за правда Кренар Лога веќе според информациите на ТВ 24 веќе наголемо разговара со експерти за работната група која треба да ги формулира амандманите.
Според информациите веќе в петок Лога се среќава со претседатечот Пендаровски токму за уставните измени и работната група. Дека власта нема да се откаже од учество на опозицијата со нивни експерти во работната група најави и вицепемиерот за интеграции.
Како СДСМ да ќе ја тера кампањата, но и уште побитно според нив како ќе стигне до 80 гласа синоќа дебатирало и најтесното партиско раководство на Бихаќка. Според неофицијалните информации, договорено било процесот да оди в две фази. Првата да се обидат да ги убедат граѓаните и пратениците дека во амандманите нема ништо спорно, втората пак клучна, преговори со опозициските пратеници за поддршка на уставните измени, а според неофицијалните информации во фокусот на Ковачески ќе бидат помалите коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неофицијалните информации на ТВ 24, Ковачевски се крсти и во булдужер дипломатија од меѓунардниот фактор. Дали во таа насока била и вчерашната средба меѓу евроамбасадорот во земјава и првиот опозиционер, Гир не откри.
Од партијата на Мицкоски пак со порака до валста да си погледнат во својот двор, бидејќи според нивните информации и пратеници на валста немало да гласаат за уставот. Дека неколку сценарија за власта да стигне до уставните зимени се во игра за 24 анализа и првиот вицепремиер.
Според францускиот предлог што го прифати владата во Мадрид , Ковачевски се обврза за Македонија да ги вметне Бугарите во уставот за Македонија реално да ги почне преговорите со отворање на првиот кластер.