Уставен суд: Намалувањето на судиските плати е неуставно

Намалувањето на судиските плати е неуставно – Уставен пресече и донесе одлука за поништување на законско решение, оценувајќи дека истото е спротивно на Уставот, односно Судот утврдил дека Собранието дополнително ги намалило коефициентите за платите на судиите со измените од февруари годинава. Поради тоа, Судот по сопствена иницијатива ја проширил постапката и го поништил законот. На денешната седница на Уставен пак беше прифатена иницијативата за оценување на уставноста на Колективниот договор за култура, со што Уставниот суд покрена постапка за утврдување на уставноста и законитоста на Колективниот договор. Според информации на 24, само една судијка била „за“ законотдодека големо мнозинство смета дека треба да биде прогласен за противуставен.

УСТАВЕН СУД

- Оспорениот Колективен договор за култура претставува клучен акт што директно го уредува функционирањето и вреднувањето на вработените во културната дејност. Тој опфаќа 74 национални установи со 1.976 вработени и 49 локални установи со уште 492 вработени, односно вкупно 2.345 вработени во 123 установи – носители на културниот живот во државата.

Од Синдикатот за култура за 24 велат дека прв пат се соочуваат со вакво нешто и јавно прашуваат што се сменило од 2020тата година, кога два пати овој договор бил оценуван како законски уставен.

Во одбрана на овој договор од Синдикатот најавија протест после велигденските празници и генерален штрајк во мај, бидејќи како што укажуваат, истиот културните работници го чекале 30 години, го преговарале 15 години и цели 9 месеци чекале да започне неговата финансиска реализација. Инаку, колективниот договор за култура беше потпишан кон крајот на 2019 година од тогашниот министер Исмаили.