Уставен суд: Ќе се преиспитува уставноста на балансерот
Уставниот суд донесе одлука да се покрене постапка за оценување на уставноста и законитоста на Блансерот откако денеска на дневен ред беше ставена иницијативата на ДКСК пред уставните судии со која тие го оспоруваа балансерот.
По долгата дебата и дискусија која ги подели уставните судии во своите ставови конечниот исход беше донесен со гласање.
Иницијативата на ДКСК која беше надополнета со уште три точки од претседателот на уставниот суд Дарко Костадиновски беше образложена токму од негова страна наведувајќи
- Припадноста е лично чувство на граѓанинот и како такво може да биде менливо. Припадноста на заедница не е ниту општ ниту посебен услов за вработување на административни службеници пропишан со Законот за вработените во јавниот сектор, ниту со Законот за административни службеници, а во суштина е елиминирачки предуслов за пријавување на јавен оглас за вработување во јавниот сектор со што се нарушува начелото на стручност и компетентност утврдено во Законот за вработените во јавниот сектор. - вели Костадиновски.
Сепак на ова образлагање со контра став излезе уставниот судија Осман Кадриу кој повикувајќи се на уставниот амандман 6 посочи дека доколку Уставниот суд гласа за оваа иницијатива во тој случај ќе има и правни последици .
- Националната припадност својот темел го има во уставниот амандман 6. Правичната застапеност се применува и во другите државни органи каде се бираат функционери. Кои ќе бидат правните последици ако се усвои овој предлог. - вели Кадриу.
Се суспендира правото на немнозинските заедници, бидејќи ова може да биде одлука на штета на немнозинските заедници и ќе имаме сериозни проблеми во односите меѓу заедниците Уставната судијка Ана Павлова данева пак во дискусијата посочи дека мора да се разграничи дека како што рече Балансерот е методологија но и алатка на како што рече непотизам и корупција.
- Мора да разграничиме дека Балансерот е методологија . Како алатка пак многу пати до сега бил злоупотребен и преку примери можеме да увидиме дека во одредени огласи каде што конкретно е наведено дека се бара македонец тоа не е добро за немакедонците или пак ако се бара албанец од старт се ускратува правото за конкурирање на одредено работно место за граѓаните кои не се Албанци. Лично сметам дека ваквата методологија треба да биде укината и ресорните министерства да си изготват нова методологија. - вели Павлова Данева.
Дел од уставните судии пак изнесоа забелешки дека претседателот на Уставниот суд не може сам да покрене иницијатива за дополнување други пак ја поддржаа неговата одлука. Иницијативата за преиспитување на уставноста на Балансерот ја достави ДКСК.
Уставните судии со гласањето одлучија да биде поведена е времена мерка, а дополнително Судот да поведе мерки и за други одредби од законите, како и за Методологијата од 2016 година за вработувања по етничка линија во администрацијата.