Уставен суд ја крои листата на учесници за подготвителна седница за законот за јазици, Костадиновски бара политиката да не се меша во работата на судот

Политичарите да ги тргнат рацете од Уставен суд и да останат вистински посветени на заложбите за владеење на правото, за правна држава, за европски вредности порача денеска претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски.

Според Костадиновски годинава се соочиле со сериозен политички притисок особено со инцијативата за оценување на уставноста на законот за јазици.. Ги повика политичарите да не се водат по балканската политика туку по европската..

„Како тоа изгледа кога ќе излезат политички фактори, без да ги именувам, кажуваат дека нашите постапки водат кон дестабилизција на државата. Како тоа владеењето на правото може да ја дестабилизира држава? Напротив невладеењето на правото може да дестабилизира. Јас имам јавно кажано дека имаме слушнато и премиерот како  неколку пати има кажано кој ги избрал уставните судии ирелевантно е. Бев на одбележувањето на 15 годишнина на Уставен суд Косово. Пред целиот форум кажав дека храброста, одлучноста на косовскиот суд треба да биде инспирација за сите нас. Замислете 60 годишен човек се инспирира од 15 годишен млад човек. А ние оваа година одбележуваме 60 годишнина. Тоа ни кажува дека тој суд покажал одлучност, одважност, храбрсот, донел тешки одлуки.“ - Дарко Костадиновски претседател на Уставен суд на РСМ.

Уставен се подготвува за седницата за Законот за употреба на јазиците. Утре на редовен работен состанок, уставните судии ќе ја утврдат листата на учесници, спорните правни прашања. Претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски посочи дека ќе бидат поканети и подносителите на иницијативата, а меѓу нив се и политички партии, но не може да предвиди дали ќе бидат присутни и други политички партии.

„Што се однесува до Веницијанската комисија, да испратено е писмо имаме повратен одговор, пријателскиот совет ќе биде усвоен на седницата на 14/15.03 што значи дека подготвителната седница може да се очекува наредните денови. Неблагодарно е да шпекулирам со имиња, има повеќе од 20 имиња, на листата што е предложена од судија известител – експерти по уставно право, експерти за меѓунардно право, човекови права, поранешни судии на Европски суд за човекови права. Подносителите на иницијативата сите 13 ќе бидат поканети тоа е согласно нашиот акт-меѓу нив има и политички партии.“ - вели Костадиновски.

Во годината што заврува решени се 248 предмети, што е за 25 % повеќе од претходната кога судот имал 186. Годинашната статистика опфаќа решавање на предмети не само од 2024, туку и од годините наназад. Уставниот суд во 2024 година донел 101 одлука со која се укинуваат одредби од закони или подзаконски акти. Одлучено е и по 4 барања за слободи и права на граѓани, од кои во две е утврдена повреда, поврзани со новинари кои известувале за настаните од 27 април 2017 година во Собранието.