Уставен одлучи: Поништената аболиција на Иванов е уставна и во рамки на законот
Поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов е уставна и законска, одлучи Уставниот суд денеска. Според уставните судии, не смее да им се скрати правото на граѓаните за повлекување на аболиција, доколку сметаат дека можат својата невиност да ја докажат во судска постапка. Одлуката е донесена со пет гласа „за“ и со три „против“.
Според уставните судии членот 11, а од законот за помилување донесен во 2016 та година бил со рок од триесет денови. Поради ова сега судот смета дека нема потреба да ја преиспитува уставноста на член кој веќе нема правна сила.
„Уставниот суд ја запре постапката за оценување на уставноста на Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 та. Образложението е дека оваа одредба нема правна сила, била само со темпорален карактер и нема што сега судот да цени дали е уставна или не. Не потврди не отврли, не ценеше туку едноставно се запира постапката за преиспитување на уставноста.“
Адвокатот Влатко Илиевски во изјава за ТВ 24 смета дека оваа одлука на уставните судии е одработување на неодамна самопокачените плати од 35 посто или можен притисок врз нив.
Аболицијата на Иванов ја користат и обвинетите од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во нивните тужби пред Судот за човекови права во Стразбур, со кои тврдат дека им се ускратени човековите права со тоа што им била поништената аболиција. Со ваквата одлука на Уставиот суд, нивното тврдење останува непоткрепено. Сепак, сопругот на поранешната министерка Гордана Јанкуловска за ТВ 24 кажа дека оваа одлука нема да му попречи на процесот кој го води во Стразбур.
Аболицијата се спроведуваше низ обвинителствата и судовите сè до моментот кога во јуни 2017 година Иванов, под притисок на јавноста, одлучи да ја поништи врз основа на член 11а, вметнат непосредно пред тој да се одлучи да ја отповика аболицијата.