Уставен: Недела останува неработен ден

Недела останува неработен ден за најголем дел од работниците во Македонија судот донесе конечна одлука. Во рамки на 38 – та седница на уставниот суд со мнозинство судии кажаа да не се поведе постапка за законот во кој е утврдено недела да остане неработен ден.

Синдикалците пак задоволни поради тоа што работникот ќе знае однапред за својот неработен ден.

Уставниот суд застана на страната на вистината и правдата и не ја прифати иницијативата на Стопанската комора, односно го потврди ставот на Сојузот на синдикатите на Македонија и ги остави на сила одредбите од законските решенија со кои недела е неработен ден за најголем број на работници и на тој начин придонесе за зацврстување на правниот поредок и правната сигурност на работниците и граѓаните во државата.  

Иницијаторот за проверка на уставноста Стопанската Комора за ова законско решение смета дека грасѓанинот го следува еден неработе ден во седмицата но не мора да биде недела може да се користи вило кој а оние што работат тој ден се плаќаат екстра. Телевизија 24 ја контактираше комората но ни кажаа дека ќе ја почекаат одлуката од уставен да им биде доставена после тоа ќе дадат коментар. За овој случај се расправаше и на седница што беше одржана на 14 септември годинава, но одлука не беше донесена поради недостиг на мнозинство. Ова е конечна одлука на уставниот суд бидејќи не постои друга институција која би ја оспорила. Освен за неработната недела судот укина и еден член од законот за социјална заштита кои што ги ограничуваше луѓето постари од 65 години да остварат права од сверата на социјална заштита односно надоместоци, како да се запре постапката на детално урбанистичкиот план во општина Центар со кој беше дозволено градење на атрактивни парцели на Водно деодека Судот не донесе конечна одлука општината не смее да издава градежни дозволи за спорните парцели.