Условни казни за уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието

Откако признаа вина на денешното судење, условни казни добија уште шестмина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог.

Судот донесе првостепена пресуда со која четврица од обвинетите им определи алтернативни мерки условна осуда во траење од 2 години а двајца од обвинетите, кои непосредно пред настанот наполниле 18 години, им определи алтернативна мерка условна осуда од 1 година затвор.