Условна казна за гинекологот Асани, кој на родилката Веапоска и извади матка, јајник и бубрег

Гинекологот Мухамед Асани, кој во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи, доби условна казна. 

Основниот суд во Струга го осуди со првостепена одлука откако против него претходно беше поднесен обвинителен предлог за тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 3 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик. 

При породувањето на Веапоска и беше оштетена левата бубрежна артерија по што ѝ беа извадени матката, јајникот и еден бубрег.