Условна казна за членот на обезбедувањето на премиерот, кој си ја претепа сопругата
Членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, Раде Ристовски призна вина, доби условна. Ристовски, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”, односно за физички напад врз 37 годишната сопруга пред точно еден месец беше лишен од слобода.
Кривичен суд-Скопје: На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи казна затвор во траење од една година и шест месеци, доколку во наредните три години стори друго кривично дело.“
Тв 24 дознава дека одбраната на оштетената ќе поднесе жалба на правната квалификација на делото. Одбраната тврдела дека се работи за тешка телесна повреда и обид за убиство, за кое според нив имало и докази.
Од мвр за Тв 24 велат дека работното место на Ристовски се уште е во мирување и за да биде поинаку ќе треба да добијат правосилна пресуда. Според изври од полицијата и доколку тој биде вратен на работа нема да биде повеќе дел од обезбедувањето на Мицксоки.
Пред еден месец, премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека законот важел подеднакво за сите, а за настанот рече дека и за мал престап системот функционирал. Тогаш посочи дека нема да толерира недисциплина не само во рамките на обезбедувањето-кажа дека тој е припадник на претходницата која не ја гледал често.

