Условени оставки на ДУИ: Театар или реална понуда?
Блеф и театар, вака комплетната опозиција, но и дел од коалициските партнери на Димитар Ковачевски на Илинденска број 2, ги коментираат условените оставки на тимот министри на Али Ахмети.
Од друга страна пак, ДУИ со чекор понапред, се откажува и од нивниот клучен предизборен проект, премиер албанец и техничка влада. Од Бихаќка пак иако јавно тврдат дека понудата на Ахмети е искрена, а најавуваат и дека набрзо и тие ќе ја ефектирата и нивната понуда за 5 министри за Мицкоски, неофицијално за ТВ 24 велат се работи за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на седницата за уставните измени.
- Ние рековме дека за европската иднина на земјава на Северна Македонија, рековме дека сме подготвени да се откажеме и од привремена Влада и од премиер Албанец во овој мандат и од нашите мандати. Од се што е предмет на политичко-партискиот договор на коалицијата ние се откажуваме само македонската опозицијата да ги гласа уставните измени.“ - рече Артан Груби.
Од партијата на Мицкоски денеска децидни, уставни измени нема да има, го повикаа премиерот да ги достави во Собранието заедно со тие на СДСМ и веднаш да се оди на избори.
- Уставни измени со вакви фолирања нема да има, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Ако сака Артан Груби веднаш нека си поднесе оставка, но проблем не е само ДУИ туку и СДС да поднесат оставки, ама неотповикливи, и да одиме на брзи предвремени парламентарни избори, бидејќи се друго е одолговлекување и играње играчки. Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност. Во однос на изјавата на Артан Груби мислам дека потешко им е на СДС отколку на ДУИ да ја прифатат идејата Артан Груби и де факто да не им биде премиер. - рече Наум Стоилковски ВМРО-ДПМНЕ.
Дека Ахмети блефира порачаа и лидерите на останатите политички партии. За пратеникот Павле Трајанов јасно е дека Ахмети блефира. За опзоицијата од албанскит блок пак на глумењето само Ахмети велат си верува.
- По веќе видено ПР сценарио како “Pse jo” со лажен хероизам повторно се обидуваат да направат дефокус на јавноста од нивните коруптивни и политички дефекти. АлтернАтивА им порачува, препелкајте се во сопствената кал уште малку, после парламентарните избори, кога и да се случат, ќе се препелкате пред правосудните органи за сите неправди направени на Албанскиот народ. Часовникот отчукува! - велат од Алтернатива.
Освен опозицијата дека однесувањето на ДУИ е несериозно смета и тертиот коалицкси партнер во Владата, Алијанса за Албанците. Официјално Арвбен Таравари по повикот на лидерот на ДУИ и тие да ја напуштата Владата, вели дека Алијанса за Албанците е самостојна партија и одлуките ги носи сама.
Неофицијално пак, висок партиски функионер од партијата на Таравари за ТВ 24 вели дека однесувањето на Ахмети е лош експеримент, во кој нивната партија ќе стои на страна.
За разлика пак од Таравари, Димитар Ковачевски со две раце стои зад оставките на Ахмети. И денеска од СДСМ на опзиционерот Мицкоски му порача дека сите услови му биле исполнети за да гласа за уставните измени. Од СДСМ заборавија да го споменат она што Мицкоски го бараше како приоритетно одложено дејство на уставните измени до членство во ЕУ:
Според најавата од ДУИ, министрите на владина седница утре ќе му ги достават на премиерот условените оставки, по што Ковачевски би требалио да ги достави до Собранието да бидат констатирани. Собранискиот деловник не познава категорија условни оставки.