УСЈЕ тврди дека не загадува, Макрадули дека повеќе извезуваме отколку што увезуваме отпад
Foto

УСЈЕ тврди дека не загадува, Макрадули дека повеќе извезуваме отколку што увезуваме отпад

Цементарница УСЈЕ ги повика невладините организации да постават нивни мерни инструменти во фабриката за да докажат дека тие не се загадувачи на воздухот во Скопје. Менаџментот тврди дека во нивните печки не се гори опасен отпад.

Производството во цементарницата автоматски запира доколку филтрите не работат. 4% од енергенсот се алтернативни горива, како биомаса и преработени фракции од комунален отпад што компанијата ги увезува, зашто кај нас нема фабрика за преработка на отпад. 

„Ако ја отворите нашата дозвола ќе видите дека цементарница Усје има право да гори исклучиво неопасен отпад. Зошто е тоа така, зашто ние така побаравме. Другите цементари во цела Европа и во светот користат било каков отпад. Познавајќи ја ситуацијата во Македонија, и стравот на луѓето и неедуцираноста, ние одлучивме да користиме само фракции кои потекнуваат од неопасен отпад и таков е увезен.“ - вели Борис Хрисафов, директор на Усје.

Заменик министерот за животна средина, тврди дека увозот на отпад е многу понамален од предходно и дека Македонија е земја која се повеќе извезува отпад. 

ДОМ бара забрана за увоз на отпад за горење. Притисок за итно донесување на законот за ограничувања на увозот вршат и активистите, особено по скандалот во Бугарија со сомнителниот увоз на италијански отпад.

 

0 Коментари

Остави коментари