Уште се чека на одлуката на Владата дали ќе има нови мерки
Состојбата со цените се следи ќе се преземат мерки доколку има непринципиелни однесувања од страна на трговците. Ова е ставот на властите кои треба да одлучат дали се потребни нови мерки за намалување на инфлаторните шокови.
Нема да се толерираат никакви трикови, а според планот ќе се носат мерки со кои јавноста ќе биде запознаена благовремено. Ова е најновиот став од Илинденска по објавата дека инфлацијата повторно почна да расте.