Уште пред да почне јавната расправа во Собранието – изборот за член на КСЗД отвори сомнеж за селективен пристап

Од поранешни функционери до долгогодишни активисти – во Собранието денеска ќе се одржи јавна расправа за утврдување на предлог-листата на кандидати за член во Комисијата за заштита од дискриминација.

Уште пред да се одржи расправата, изборот за нов член предизвика критики и сомнежи од страна на невладините организации, од каде обвинуваат дека имињата на двете претставнички од организациите кои ја сочинуваат Мрежата за заштита од дискриминација воопшто ги нема на листата на пријавени кандидати.