Уште еден наставник од основно училиште фатен со дрога, системот мора да направи стратегија кој ќе биде дел од образовниот процес

Само неколку дена по апсењето на наставничка од основно училиште, под сомнение дека била вмешана во трговија со дрога, вчера уште еден случај ја вознемири јавноста. 

Битолската полиција приведе  54 годишен наставник од Прилеп фатен со дрога.

Професорката Татјана Алексиќ за ТВ 24 вели - алармот е вклучен, системот мора да направи стратегија бидејќи мора да се направи посебен профил на секој наставник кој ќе влезе во воспитиниот и образовниот процес.