Уште 11 пациенти од повредените во „Пулс“ се лекуваат во странство

Во изминатиот период тим експерти од Велика Британија спроведоа интензивни обуки на 45 здравствени работници за физикална и психолошка рехабилитација на пациентите повредени во пожарот во дикотеката Пулс во Кочани. Вкупно 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство.