Уште 10 маркети „под клуч“, не ги продавале производите по ограничени цени
Затворени се уште 10 маркети кои не ги почитувале мерките на Владата за намалување на цените на основните производи со ознаки „гарантирани цени“.
Државниот пазарен инспекторат соопшти дека за период од 20 дена откако се донесени мерките за цените, изречени се парични казни од над 100 илјади евра. Меѓу затворените маркети во Скопје, Куманово, Кичево, Гостивар, Кавадарци, Тетово и Струга, нема ниту еден од оние пет што беа првично затворени.