УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЕК
Foto

УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЕК

Урсула фон дер Лајен, германска демохристијанка и најдолговечна во владата на канцеларката Ангела Меркел, вечерва во Стразбур е избрана за нова претседателка на Европската Комисија. Таа е прва жена на таа функција, а во тајното гласање на пленарната седница на Европскиот Парламент доби поддршка од 383 пратеници. Против беа 327, а воздржани 22, додека еден глас беше неважечки.

0 Коментари

Остави коментари