Уредувањето на охридските плажи закочено меѓу ставовите на општината и министерството за транспорт и врски

Владата не го кочи уредувањето на плажите на охридското крајбрежје вели министерот за транспорт Благој Бочварски. Според Бочварски Општина Охрид може самата да ги уреди плажите согласно генералниот урбанистички план и препораките на УНЕСКО.

Во меѓувреме се привршува изработката на Урбанистичкиот план за целото крајбрежје за кој се издвоени 30 милиони денари.

Со новиот урбанистички план се очекува да се решат проблемите во најголем дел со неусогласената висина на крајбрежните објекти,нивното штетно влијание врз природното и културното наследство.Планот ќе препорача детално што и каде смее да се гради со која габаритност и од каков материјал.Ќе ги содржи сите препораки на УНЕСКО со цел да се зачува наследството и статусот на регионот под оваа организација.