Ѓурчевски: Последните улични престрелки се расчистување на бизнис интересите меѓу нарко мафијата
Foto

Ѓурчевски: Последните улични престрелки се расчистување на бизнис интересите меѓу нарко мафијата

Последните вооружени престрелки низ Скопје се резултат на рачсистување на повеќегодишните несредени односи помеѓу наркомафијата, оценува поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчески по завчерашната престрелка во скопски Чаир во која беше убиен Камбер Идризи а неговиот внук беше тешко ранет.

Причина за неконтролираното  царување на огненото оружје низ улиците, Ѓурчески го гледа во недоволната заштита на полицајците кои работат на терен, вмешаноста на дел од полицајците во криминалот и корупцијатата во полицијата.  

Сепак, според Ѓурчевски најголемата грешка во борбата против уличниот криминал е расформирањето на специјалната единица „Алфи“. 

Полицијата се уште не споделува детали за убиството на Камбери. Нема разврска ниту на двојното убиство во Чаир од почетокот на март годинава кога беа убиени две момчиња од скопска Гази Баба.

Уште не се знае ниту кој пукаше во синот на поранешниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи а целосна разрешница нема ни за слуачите со убиството на улица „Рузвелтова“ од 2018 година, ниту пак кој пукаше на булеварот Партизански одреди“ во Скопје. Целосно разрешување нема ни за случајот со престрелката во хотелот Александар Палас, во која во една од групите што се пресметувале бил сега убиениот Камер Идризи.

Од МВР не добивме ниту одговори на прашањата колку вооружени престрелки се регистрирани во последните три години, колку од нив се решени и кои се причините за континуираните улични пресметки низ земјата.

0 Коментари

Остави коментари