Ѓурчевски: Мора да има одговорност зошто се издавале документи со важност после 12 февруари
Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и поранешниот премиер, Зоран Заев се најодговорни за настанатиот хаос кај граѓаните со промената на личните документи, вели поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски.
Според Ѓурчевски, Јавното обвинителство требало веднаш да постапи согласно член 308 од Кривичниот законик и доколку се уште нема постапено истото обврска е на обвинителството да покрене некаква постапка бидејќи граѓаните а со тоа и државата е доведена во заблуда.
Никој нема да биде казнет ако до февруари 2024 не ги смени личните документи со Северна Македонија, изјави претходно сега веќе поранешниот министер во МВР, Оливер Спасовски.
Сегашниот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека сите политички лешинари кои им го ставија на грб на граѓаните целиот проблем со личните документи треба да одговараат. Според Тошковски, ова што им с еправи на граѓаните е спротивно на сите меѓународни акти и додава дека не се почитуваат основните човекови права.
И додека на политичката сцена, политичарите се договараат за да се договорат, граѓаните растрчани по документи. Досега документи со името Северна Македонија извадиле околу еден милион граѓани, дали на нив ќе им бидат вратени парите, министерот Бујар Османи рече дека таква одлука треба да донесе премиерот, Талат Џафери.